Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
Веќе три дена пералната на Клинички не работи, вработените со месеци не земале плата а здравствените установи за чисти чаршави се снаоѓаат како знаат и умеат. Некои носат постелнина за перење на Онкологија или Инфективна, но вработени реагираат дека тоа не е решение. Проблемот се влече веќе подолг период а објектот кој треба да гарантира чистота и хигиена за заштита од интрахоспитални инфекции е пред распаѓање и без никакви стандарди.
Тоа го утврдил и Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој дал насоки на приватната фирма што стопанисува со пералната да ги подобрат условите.
-Не ги задоволува санитарно техничките услови кои согласно закон мора да ги има. Потребно е целосно реновирање на просторот, а како на просторот така и на опремата односно, во моментот се работи со застарени машини кои постојано се во дефект, вели Кирил лазов, директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат.
Фирмата што ја менаџира пералната очекуваше да има јавно приватно партнерство а за неисплатените плати реагираат дека не им е исплатен долгот. Од Заеднички служби, пак, со друга изјава но и најава од Министертството за здравство дека објектот ќе го вратат повторно во владение на државата.
-Од 31 декември до денеска сме им исплатиле 80, односно 90 проценти од долгот што е доволно да ги платат вработените во пералната, вели Башким Бакиу, директор на Заеднички служби.
-Дефинитивно со пералната имаме сериозен проблем. Знаеме дека ја менацира Скопстерс, очигледно е дека проблемот се гледа дека не може да се менаџира и затоа утре на владина седница една од точките е што понатаму со пералната и ќе преседена назад во институцијата за да може ние да менаџираме, вели Азир Алиу, министер за здравство.
Министерот и директорот на Заеднички служби денеска имале состанок и со директорите на клиниките бидејќи се соочуваат со сериозен проблем да обезбедат чисти чаршави. Од друга страна, постојат посебни правила за перење на постелнина од собите за изолација и тоа треба да се почитува.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар