За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
Народот ги памети триковите и предавствата на СДСМ, затоа нивните црвени линии нема да бидат контури на ново предавство во иднина – премиерот Мицкоски уште еднаш ја отфрли резолуцијата на СДСМ со која повикуваат на национално обединување.
Откако обвини дека резолуцијата е историски фалсификат, Мицкоски вели дека црвените линии на СДСМ за Бугарија се само обид да го измамат народот, а не вистински заложби.
Со предложениот текст СДСМ ја прифаќа империјалната политика на Бугарија кон Македонија, и бара да легитимност за нелегитимните одлуки за кои бившата власт немаше мандат да преговара, ги договори и ги потпиша актите спротивно на интересите на државата и македонскиот народ., реагира и СПМ.
-Социјалистичката партија на Македонија оценува дека предложениот текст од СДС наречен резолуција треба да се отфрли и да се бара извинување од предлагачот за предавничката политика која има долгорочни сериозни последици за државата и народот во Македонија, се вели во реакцијата на СПМ.
Опозицискиот лидер Филипче пак смета дека нивната резолуцијата со црвени линии е најпатриотскиот документ за национално обединување и придвижување на интеграциите. Откако Мицкоски ја одби и најави вистинска македонска резолуција по изборите, Филипче вели дека ќе ја чека бидејќи тоа било дел од нивната конструктивност
Резолуцијата на СДСМ вчера била испратена до политичките партии, а Филипче очекува по изборите да биде разговарана со сите политички чинители. Очекувал зрелост од политичките партии , па и од ВМРО ДПМНЕ бидејќи сите факти во Предлог резолуцијата биле прецизни и точни.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар