Вучиќ: Во потрага сме по двајца снајперисти дојдени пред неколку денови во Белград, не знаеме кои им се целите

Српскиот претседател вечерва изјави дека безбедносните служби во државата се во потрага по двајца снајперисти во Белград, но не прецизираше кој би можел да биде целта. Изјавата ја даде за белградска телевизија Прва, во која рече дека во претходните денови и недели, во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци „што не се наивни“, и за кои не ја информирале јавноста.
„Во моментов сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и кои им се целите - ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа“, изјави Вучиќ.
Во овој контекст, тој рече дека постои „само еден начин на кој можат да го победат“, додавајќи дека за каква било промена на власта „нема друг начин“, бидејќи нема да прифати „сила, насилство, надворешно влијание“.
„Но, тоа е нивниот единствен пат, немаат друг начин. Не можат да ја поколебаат мојата волја, не можат да ме победат на изборите и тоа го знаат многу добро“, рече Вучиќ.
Тој процени дека 10-15, до 20 проценти од луѓето во Србија биле „крајно разочарани“ по собирот во Нови Сад на 1 ноември, тврдејќи дека биле „апсолутно сигурни дека се е завршено и дека е прашање на време кога ќе ја дофатат власта и управувањето со парите“.
„Тие го прават тоа поради пари, а не поради идеи и идеали што ги немаат. А потоа тоа не се случило и нема да се случи“, тврди српскиот претседател.
Зборувајќи за вчерашните инциденти во шаторската населба пред Домот на Народното собрание, тој рече дека луѓето во Пионирски парк „биле нападнати без каква било причина“, и дека вчера биле нападнати седум простории на СНС во Србија.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени 10 возачи, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол
-

Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад
-

Гроси: Ризикот од нуклеарна катастрофа на нивоата од Студената војна
-

Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
-

Тошковски: Врсничкото насилство во Ѓорче сериозно се истражува, 14 лица повикани на разговор
-

43-годишен штипјанец пронашол неактивирана експлозивна направа во подрумскиот дел од неговата куќа
-

„Опен-АИ“ го прекинува ексклузивниот договор со „Мајкрософт“ заради соработката со „Амазон“ и „Гугл“
-

Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
