Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа

Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини, меѓу кои и Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја, ќе ги затворат границите за сообраќај на неколку часа, јави дописничката на МИА од Атина.
Се очекува блокадата на Евзони и денеска да биде во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот со исклучок на камионите со грчки производи.
На Ники, според грчката новинска агенција АНА-МПА, границата ќе биде четири часа затворена од 11 часот по локални време.
Земјоделски блокови се поставени и на граничните премини кон Бугарија и Турција, но неколку часовните блокади се однесуваат само на камиони.
Во цела Грција, од најсеверната до најјужната точка, земјоделците засега имаат поставено над 60 блокови, што од 30 ноември почнаа постепено да се зголемуваат.
Главниот блок е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, каде што сообраќајот се одвива по споредни патишта, а Комитетот надлежен за земјоделските блокадите во целата земја, за сабота закажа нов состанок на кој ќе се донесе одлука за следните чекори.
За утре, земјоделците од северна Грција закажаа протест и симболично затворање на пристаништето во Солун.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
Блокади се поставени на низа автопати и локални патишта низ цела Грција, со што отежнат е сообраќајот и се одвива по споредни улици.
МИА
Ново на Сител
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
