Македонија
13. December 2025 - 16:36

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК

Среде стог центар на Скопје ечеше УЧК, илјадници Албанци се собраа да дадат поддршка за поранешните команданти на УЧК на кои им се суди во Хаг за воени злосторства. Со албански знамиња, десетици новинарски екипи од Албанија и Косово, како и косовска делегација се одржа протестот, а пред присутните се обрати и поранешниот врховен командант на УЧК и лидер на ДУИ, Али Ахмети кој беше и организатор на протестот. 

Никогаш не биле против државата Македонија, а командантите на кои им се суди во Хаг придонеле за стабилност и мир во земјава, кажа Ахмети. 

На протестот му дадоа поддршка и актуелни и поранешни функционери во македонската Влада. Според министерот Лимани, мирниот протест ја зајакнува идејата за нација што коегзистира со различните, без да поттикнува војна. Поддршка даде и лидерот на ВРЕДИ, Меџити но не беше присутен. 

Стојанче Ангелов, кој е и бранител од 2001-вата со остра осуда за собирот на кои се дава поддршка за поранешните команданти на УЧК.

- Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да одговараат во согласност со меѓународното право. Вклучително и оние припадници на УЧК кои во 2001-ва година извршија воени злосторства во Македонија. Апсурд е да се бара ослободување на било кои злосторници, осомничени, обвинети или осудени за воени злосторства опфатени со меѓународното право, изјави Ангелов. 

Претходно премиерот Мицкоски кажа дека Владата нема да го поддржи протестпот, но ќе работат да се осигураат дека ќе помине мирно и без инциденти.