ГАК – Починатото новороденче немало физички повреди, причина за смртта е незрелост на белите дробови
Незрели бели дробови а не физичка повреда е причината за смртта на новороденчето од Арачиново, кое починало на 1 октомври на Клиниката за гинекологија, три дена по раѓањето.
- Во наодот е констатирано дека дека нема физичка повреда на било кој од органите односно дека ,,по отворањето на градната и абдоминалната празнина, васкуларните органи се со уреден анатомски статус и морфологија.,,.Како причина за смртта кај новороденчето се наведува респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром односно незрелост на белодробието, стои во соопштението на Гинекологија.
Од клиниката го објавија резултатот кој покажува која е приината за смртта, но дали било соодветно лекувано ќе проверува стручна комисија формирана од Министерството за здравство. Овој случај предизвика бурни реакции во јавноста, семејството се сомнева на пропуст и најавуваат тужба против ГАК а беа објавени и документи дека новороденчето долго било реинтубирано и притоа е оштетено грлото.
- Реално не бев тука. Документот ми е во канцеларија и не успеав да го прочитам. Во комуникација со директорот на ДЗСИ ми рече дека случајот од нивна гледна точка е чист така што тие ми се информациите. Ќе проверам што се има внатре анализирано и ќе ве известам, изјави Азир Алиу, министер за здравство.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера направи вонреден инспекциски надзор и не откриле пропусти а случајот го испитува и обвинителството, кое отвори предмет.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
