Македонија
19. December 2025 - 19:49

„Алкалоид” АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија – во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно

Нова современа микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет отвори “Алкалоид” АД Скопје. Во неа ќе се прават над 20.000 анализи годишно. Инвестицијата е во вредност од 3.1 милиони евра.

- Горди сме на новата инвестиција што ќе ни овозможи да станеме уште поконкурентни, но и Македонија како држава. Со ова ги шириме капацитетите на микробиолошките анализи на суровини, полупроизводи и готови производи. Горди сме што комапнијата продолжува со инвестицискиот циклус, рече Живко Мукаетов, генерален директор на “Алкалоид” АД Скопје.

Според Премиерот Мицкоски со над 3000 вработени и богато портфолио “Алкалоид” го има истото што го имаат и најразвиентите светски фармацевтски компании.

- Најголемиот дел од портфолиото на компанијата е извозно, би рекол повеќе од две третини од портфолиото е извозно. Тоа делува во насока на економската состојба на државата, зголемување на БДП, индустриското производство и ние како Влада секогаш ќе поддржуваме успешни приказни, вакви македонски успешни приказни бидејќи нема поголем промотор за една држава од ваква успешна приказна надвор од границите на државата, изјави Христојан Мицкоски, Премиер.

2025- та година генералниот директор Живко Мукаетов ја оцени како предизвикувачка и е задоволен од испорачаните резултати. Тој информираше дека “Алкалоид” ја завршува над планираното, со вкупни приходи од над 335 милиони евра и со рекорден консолидиран износ од над 220 милинои евра.