Македонија
23. December 2025 - 16:27

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ

Судењето за пожарот во Кочани е тест дали обвинителите и судиите ќе си ја повратат довербата дека можат да донесат не само право, туку и правда или пак, ќе пропадне целосно. Во делот на евроинтеграциите пак, Македонија е технички усогласен, но политички блокиран кандидат. Претседателката Силјановска Давкова го имаше своето предновогодишно обраќање пред пратениците.

Реформите во правосудството се клучни за подобар живот на граѓаните, смета таа. Токму затоа повика што побрзо да се донесе новиот закон за Судски совет, а двајцаата членови на Судски што треба да бидат нејзин предлог ќе ги даде согласно новите зајканати критериуми. Повика политиката да ги тргне рацете од судот и обвинителството, особено во случајот со Кочани.

За извештајот на Европската комисија Силјановска Давкова пак, искоментира дека тој не говори само за нас, туку и за самата Унија. Повика бриселските авторитети да изнајдат начин да се одблокира процесот на интеграција, по примерот како што ќе се направи за Украина и Молдавија.

За уставните измени, но и за клучните процеси во државата претседателката повика на политички кнзенсус меѓу власта и опозицијата.

„Разногласието во политиката од нас направи слаба државата“, посочи таа.

За мнозинството Силјановска Давкова одржа реален, сеопфатен говор кој кореспондира со владините позиции за еу интеграцијата.

За опозицијата пак, говорот бил гол и празен, а и едностран за поддршка исклучиво на владините политики.

Покрај пред пратениците, претседателката во паралементот говореше и пред премиерот Мицкоски, дипломатите во државата, верските поглавари, новатата в.д. обвинителка Тополова Исјаловска...Сепак, ниту еден поранешн претседател на државата не присуствуваше во Собранието.