Македонија
24. December 2025 - 12:21

Полицијата во Охрид со засилени контроли

Полицијата со засилени контроли во Охрид. За новогодишните и божиќните празници ќе патролираат службеници на најфреквентните места во центарот на градот но и по угостителските објекти и ресторани каде има организирана прослава за дочекот на најлудата ноќ во годината.

Портпаролот Стефан Димоски апелира на внимателност при управувањето со моторните возила. Од охридската полиција со апел до возачите да возат внимателно почитувајќи ги сообраќајните правила и прописи и да не конзумираат алкохол со цел подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на празниците.

Се со цел поголема безбедност ќе се делува со заеднички тимови од сите надлежни институции.