Македонија
24. December 2025 - 16:33

Свлечиштето кај депонијата Мегленци ги вознемири жителите: Има ли опасност од ново?

Големо свлечиште ги вознемири жителите на Новаци, откако по неговата активација дојде до сериозен колапс на дел од патот Битола – Новаци – Маково, во близина депонијата Мегленци. Надлежните служби по увидот поставиле привремена сообраќајна сигнализација и девијација. 

Зошто се појавиле вакви деформации на патот не се знае, тврди градоначалникот на Новаци за Сител. Но  кулминација, односно активирање на свлечиштето што со себе го повлече и патот, било очекувано, бидејќи проблемот бил пријавен уште на 27 ноември, по што се одржале низа координативни состаноци. 

За разлика од градоначалникот, од Центарот за управување со кризи велат дека приспособениот пат е небезбеден и им порачуваат на возачите да бидам екстремно внимателни.

Во моментов, сообраќајот се одвива по привремено изработена девијација, која е небезбедна поради постоење ризик од дополнително лизгање на земјиштето, а дополнителен ризик претставуваат и најавените врнежи од дожд и снег, велат од ЦУК за Сител.

Ставеновски уверува дека нема опасност од ново свлечиште.

Патот по кој во моментов се одвива сообраќајот ќе биде времено решение се додека не се постават соодветни услови за градежни активности кои се надлежност на ЈПДП.