Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
Загадувањето во Скопје не може да се реши преку ноќ, вели градоначалникот Ѓорѓиевски, но заклучоците усвоени од градскиот совет и уште неколку други планови како проект за гасификација и проширување на топловодна мрежа ќе бидат дел од системот за намалување на загадувањето.
Предлогот за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи, надвор од скопската котлина, е еден од заклучоците изгласани од Советот на град Скопје.
Со него се задолжува градоначалникот да се обрати до Владата за да го разгледа начинот за започнување на постапката.
Премиерот Мицкоски, вели дека Владата ќе постапи согласно ингеренциите кои ги има.
Во меѓувреме на итна координативна средба, новиот министер за животна средина побарал информации од директорката на инспекторатот за животна средина за надзорот во Усје, но и да се направат контроли на сите останати субјекти кои поседуваат А интегрирана дозвола.
Вчера пред цементарницата се одржа протест, а здружението „Стоп за Усје“ најави дека по празниците ќе ги интензивира своите активности. Tитан Усје ги отфрла обвинувањата дека придонесува за загадувањето и вели дека работи согласно највисоките европски еколошки стандарди.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
