Македонија
29. December 2025 - 20:52

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци

Јован Деспотовски нема намера да формира нова партија или пак, да премине во друга, како пример ЗНАМ и покрај тоа што му се заканува исклучување од матичната СДСМ откако јавно критикуваше како работи новото раководство на партијата предводено од Филипче. Вели дека останува во СДСМ, а во случај да биде тргнат од партиските структури ќе бара правна разврска.

Сепак, тој потврди дека е во комуникација со поранешниот скопски градоначалник Шилегов, со екс партискиот функционер Игор Ивановски и со поранешниот геренеален секретар Андреј Петров кои се незадоволни од рбаотата на Филипче и неофицијално од нив може да се очекува формирање на нова партија.

СДСМ викендов излезе со обвинувања дека Деспотовски бил уценуван или пак, работи за ВМРО-ДПМНЕ со цел дестабилизација на партијата од внатре откако тој на неколку медиуми излезе со став дека поединци поради лични интереси ја имаат узурпирано партијата и дека лошо со комуницира со јавноста.

Деспотовски негира била каква уцена од власта поради можно инкриминирачко работење додека бил директор на две големи државни фирми ФИТР и ТИРЗ. Иако критикува, вели сега е време за обединување во СДСМ.

Филипче подолг период тврди дека владејачката партија преку нивни членови се обидува да ја дестабилизира СДСМ одвнатре бидјеќи секојдневно ги објавуваат нивните криминали. Претходно, вакви обвинувања тој имаше и за поранешните градоначалници од редовите на СДСМ, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ.