Loading Video...
Свет
31. December 2025 - 12:18

Преглед на вестите од светот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврди дека води разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за можно распоредување на американски трупи во Украина, но нагласи дека конечната одлука ќе зависи исклучиво од Вашингтон. Тој додаде дека Украина би сакала да види американски трупи на своја територија како дел од безбедносните гаранции, оценувајќи дека тоа би претставувало силен дел од системот на безбедносни гаранции.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху и претседателот на САД, Доналд Трамп, се договорија на палестинската милитантна група Хамас да ѝ биде даден двомесечен рок за разоружување, додавајќи дека во случај Хамас да ги одбие условите за разоружување, понатамошните чекори би ги презела израелската војска. Договорено е и утврдување на практични критериуми за разоружување, вклучително и уништување на опсежната мрежа на тунели под Појасот Газа.

Крадци во Германија украле имот вреден повеќе десетици милиони евра од трезорот на една банка, соопшти германската полиција. Околу 2.700 клиенти на банката се оштетени со оваа кражба во Гелзенкирхен, соопштија полицијата и банката Шпаркасе. Полицијата додаде дека верува оти вредноста на сè украдено е помеѓу 10 и 90 милиони евра.

Грабежот се случил во ноќните часови недела кон понеделник, а околу 200 луѓе се појавија пред банката барајќи да влезат внатре.Противпожарниот аларм ги повикал полицајците и пожарникарите во филијалата на банката нешто пред 4 часот наутро во понеделникот. Тие пронашле дупка во ѕидот и го пребарале трезорот. Полицијата верува дека била користена голема дупчалка за пробивање на ѕидот.

Најмалку четири лица беа повредени, а хеликоптерите помогнаа да се пренесат уште околу 100 други на безбедно место по несреќа на планина во северозападна Италија. Несреќата се случила кога две кабини се судриле, една од кабините очигледно не успеала да забави како што се очекувало и удрила во преграда на станицата.

Линијата со жичницата беше во прекин по инцидентот, оставајќи ја групата од околу 100 луѓе, меѓу кои имаше деца и странски туристи, заглавени некое време на горната станица на планината Монте Моро на надморска височина од околу 2.800 метри, објавија италијанските медиуми.

Жичница е изградена во 1962 година и е реновирана пред две години по цена од 2 милиони евра.

Силна зимска бура со изобилни врнежи на снег ги погоди делови од Средниот Запад и Источниот дел на САД. Гувернерката на Њујорк, издаде вонредна состојба низ целата држава во очекување на влошување на условите. Локалните медиуми објавија дека приближно 30 сантиметри снег може да наврнат во текот на неделата во западните и централните области на Њујорк.

Пробното спуштање на топката во Њујорк заврши успешно на Тајмс Сквер.

Топката со соѕвездија е најголемата топка за Нова година досега, која содржи 5.280 кристали и LED светилки.