Македонија
2. January 2026 - 16:37

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури кој со мотор го прегази Југослав Николовски. Протестот почна во паркот во Чаир, а заврши пред кривичниот суд. Минатата недела, кривичен го огласи Љури за виновен бидејќи летоска управувајќи мотор по пешачката патека зад Влада удри во 68 годишниот Југо кој потоа почина. Судијата во својата пресуда напиша дека иако за делото просечно затворските казни се пониски, зачестиле сообраќајките со жртви па 11 годишната затворска казна за Љури испраќала порака дека таквиот начин на управавување моторни возила е недозволено, а за се казнуваат и со високи затворски казни.

Правда за Фатон Љури, НЕ селективно судење, Правда под притисок е неправда беа дел од пораките испратени на денешниот протест. Присутните пред судот истакнаа дека затворската казна за Љури е превисока, а судовите имаат различна казнена политика.

Уште пред почеток на протестот, од Скопскиот кривичен суд преку соопштение потсетуваат дека Љури признал вина за сообраќајката, и дека за висината на казна секоја странка има право на жалба пред повисок суд.

Изразување на незадоволство преку јавни собири е легитимно право на секој граѓанин, но било каков обид за притисок, не смеат и нема да влијаат врз независното судско одлучување. Секоја странка која смета дека висината на изречената санкција не соодветствува со делото, има право на жалба до повисокиот суд. Тоа е единствениот легален пат за преиспитување на една пресуда“, велат од Основен кривичен суд - Скопје.

Јавното обвинителство денеска поднесе обвинение против 37 годишниот возач на пасат кој на почеток на ноември го прегази поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука.

До сообраќајката дошло околу пладне кога обвинетиот движејќи се по булеварот Гоце Делчев, непосредно пред мостот управувајќи автмобил Пасат не се придржувал до прописите и го загрозил јавниот сообраќај со што го предизвикал кривичното дело тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот.

Пред крстосницата со улицата Лазар Личеноски“, на пешачки премин не ја намалил брзината и возел 53 км/час, односно повеќе од дозволеното во населеното место. Не можел навремено да запре и со предниот дел од возилото удрил во велосипед кој поминувал по пешачкиот премин. Од ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Од обвинителството велат дека настанот се смета како најтешко кривично дело од областа на сообраќајот и сторителите се казнуваат со најмалку четири години затвор.