Македонија
8. January 2026 - 11:31

Божикна средба кај Архиепископот Стефан

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, по повод Рождеството Христово-Божик, оствари неформална средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга Маја Иванова, вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

- Средбата што се одржа во Кабинетот на Архиепископот помина во пријатна, празнична атмосфера, информира МПЦ-ОА во објава на својата веб страница.