Македонија
14. January 2026 - 16:33

Објавен е огласот за нов републички јавен обвинител

Собранието го објави огласот за избор на нов државен јавен обвинител..

Од понеделникот почна да тече 15 дневниот рок во кој заинтересираните ќе можат да ги поднесат документите.. На огласот може да се пријават јавни обвинители со најмалку 10 години работно искуство, или, судии од областа на кривичното право.. Граѓанските организации кои ги следат состојбите во правосудството сметаат дека идниот обвинител треба ја зголеми довербата која сега граѓаните ја имаат во институцијата, дополнително, приоритет да добијат и предметите за висока корупција..

„Знеме дека со законските измени, особено на кривичниот законик, голем дел од обвиненијата имаат предуслови да застарат. Така што, тој треба да направи алокација на предметите, односно да им даде приоритет на оние предмети кои се пред застарување и ќе треба исто така да направи добра анализа, односно, да даде приоритет на оние предмети кои се од стратешко значење. Тоа се пред се предметите кои се однесуваат на високата корупција каде што се вклучени јавни функционери со цел истите да имаат поголемо општествено значење и да предизвикаат поместувања во делот на борбата против корупцијата“ изјави Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл.

Изборот на нов републички обвинител следи по оставката на Љупчо Коцевски кој ја напушти функцијата непосредно пред собраниската седница за негово разрешување.. 

Во меѓувреме, нов шеф треба да добие и скопското Јавното обвинителство.. Изборот е закажан за вторник, а во трка се петмина кандидати.. За раководното место во ОЈО Скопје, конкурирал и се уште актуелниот обвинител, Гаврил Бубевски, чиј мандат завршува во недела на 18 јануари.. На огласот се пријавени уште четворица од скопското обвинителство.. Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.. 

Инаку додека тече постапката за избор на наследник на Коцевски, со републичкото обвинителство раководи Анита Тополова Исајловска која има шестмесечен мандат како вршител на должност..