Македонија
16. January 2026 - 16:28

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД

По замрзнувањето на емиграциските визи за Македонците во САД, премиерот Мицкоски најави позитивни вести за македонските граѓани во теков на наредниве денови токму од стратешкиот партнер. Оние кои сакаат туристички да ја посетат Америка или да студираат таму, не се засегнати од одлуката на САД. Мицкоски вели дека жали за критиките на опозицијата упатени кон македонските стратешки партнери. 

- Односите на Мицкоски со САД се толку одлични што завршивме во периметарот на Сомалија и како земји од третиот свет, реагираат и денеска од СДСМ. САД внимателно ја следат состојбата во земјата и ова е јасен сигнал дека гледаат проблем, дека нешто не е во ред, велат од опозициската партија. 

По замрзнувањето на емиграциските визи, со реакција и од опозициската Левица. 

- Илузијата создавана пред граѓаните, за уживање на некаква поддршка кај т.н „стратешки партнер“, наиде на уште еден удар со суровата реалност. Најголем успех во надворешната политика на политичарите на власт, а и Владата во целост остана фотографиите од трибини или со политичари од шести ешалон на САД, кои немаат никакво влијание на односите помеѓу двете земји, соопштија од партијата. 

Според податоците на Стејт департментот од 2015 до 2014 година се издадени 8.163 иселенички визи за македонските граѓани. 

Ако пред десет години, односно во 2015 година биле издадени 1.318 вакви визи, изминатава деценија се бележи тренд на намалување, па во 2024-тата издадени се 573 иселенички визи на мекедонци во САД.