Македонија
16. January 2026 - 16:29

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот

Сејф сити ќе стартува од први февруари, пратеничките групи се усогласени и измените ќе се најдат на наредната седница на парламентот вели премиерот Мицкоски. Пратеничките групи во текот на вчерашниот ден имале состанок и според информациите кои ги добил премиерот усогласени се за текстот и за потребното двотретинско мнозинство. По информациите дека ДУИ бараат посебни гаранции за да гласаат во парламентот за измените, премиерот рече дека безусловна била поддршката за проектот безбеден град  која ја добил на лидерската средба. 

Според информации на Сител, измените кои се однесуваат на Сејф сити системот до крајот на следната недела ќе бидат ставени на гласање во собранието. 

Откако ќе профункционира системот дополнително ќе се размислува дали ќе претрпи и други измени законот кој ги регулира прекршоците. По извесно време ќе се премине и на втора фаза од проектот да се прошири и на територија на другите градови во државата. 

Мицкоски не прецизираше кога би одржал тет а тет средба со лидерот на ДУИ како што беше најавено по лидерската, рече дека тој одржува средби со лидери на повеќе партии и во рамки на таа работна агенда ќе биде и средбата со Ахмети.