Македонија
19. January 2026 - 16:42

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици

Со влегување на верниците во осветените води на Плетварското езеро кај Прилеп по 6-ти пат на ова место се одбележа празникот Богојавление или Водици. Повеќе од 150 луѓе беа дел од овој уникатен настан каде единстве во Македонија само тука вака се одбележува празникот. Тука нема фрлање по крстот туку сите верници кои присуствуваат влегуваат еден по еден во осветените води на езерото. Настанот секоја година има и свои кумови. Годинава за сите оние кои влегоа во водите на езерото беше обезбеден по еден мал дрвен крст, а сите присутни имаше топли напитоци како, чај, греена ракија и греено вино.

„Организацијата беше перфектна, сакам да им се заблагодарам и на старите домаќини и на сите кои беа вклучени, сегашните кумови, идните кумови. Чувството е неописливо, можете сами да забележите дека е преголем интересот кај народот“, истакна Никола Минчески, годинашемн кум на настанот.

„Мене ова ми е четврт пат како присуствувам на оваа манифестација во Плетварското езеро. Многу сум среќен затоа што и моите 2 сина Јован и Данило го прифатија овој чин и со нетрпение го чекаат овој ден“, кажа Ице Соколески, иден кум на настанот.

Овој настан е познат насекаде низ Македонија и тука доаѓаат верници не само од Прилеп туку и од другите градови кои сакаат да бидат дел од овон настан. Годинава имаше и голем број дечиња.

„Ние влегуваме втор пат, се викам Калина и имам 10 години. Ова е мојата братучеда, таа е мојата сестра, се викаат Алексеа и Антица. Сестра ми е една година постара од мене, а Антица е колку мене“, рече Калина Петкоска, учесник на настанот.

„Сакам да упатам голема благодарност до сите што ја прифатија оваа идеја, за оваа масовност, во оваа масовна бројка да бидат тука, сите да видат малку поразлично чевствување на самиот ден“, изјави Антонио Гически, организатор на настанот.

Поради атрактивноста на самиот ден и настан, се случи и запросување. 

„Мислам дека ова е многу свет ден, многу убаво нешто и затоа сакав баш на овој ден да ја запросам мојата девојка.
По кој пат влегувате во водите на Плетварското езеро?
По трет пат, трета година со ред“, истакна Борис Трајков, учесник на настанот.

„Возбудена сум, дури и чудно. Неочекувано, навистина воопшто неочекувано, не знам што да кажам друго“, додаде Ангела Јосифоска, учесник на настанот.

Годинава се осветија и иконите од малиот параклис кој е започнат да се гради токму на ова место, каде во иднина организаторите планираат и доградба на нови содржини.