Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
Се уште не се знае дали СДСМ ќе даде поддршка на Законот за прекршоци од кој зависи и стартот на Сејф сити. Повеќе новинарски прашања ниту денеска не извлекоа прецизен одговор од опозицискиот лидер. Тој повторно констатираше дека со оваа Влада не можело да се напредува во реформите без прецизно да одговори на повикот на премиерот Мицкоски да се вклучат во работните групи.
За Владата политиката на Филипче е деструктивна и неразбирлива. И денеска повикаа на конструктивност и поддршка за законите кои бараат квалификувано мнозинство.
На средина од минатата недела Премиерот Мицкоски свика лидерска средба на која само столчето на Филипче остана празно. Лидерите се договорија работни групи во Собранието заеднички да работат на законите од реформската агенда и да дадат поддршка на Законот за прекршоци.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
