Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови

– Во седиштето на НАТО во Брисел денеска и утре ќе се одржи заседание на највисокиот воен орган на Алијансата, Воениот комитет, на ниво на началници на генералштабови на земјите членки на Пактот.
Со состанокот ќе претседава претседателот на Воениот комитет, адмирал Џузепе Каво Драгоне, а на него ќе присуствуваат и врховниот командант на сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Гринкевич и врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие.
Во рамките на првата сесија на заседанието, Гринкевич ќе ги информира началниците на генералштабовите за статусот на подготвеноста на НАТО за зајакнување на колективното одвраќање и одбранбената позиција на Алијансата во услови на заедничките безбедносни предизвици.
За време на втората сесија, Вандие ќе се осврне на тоа како НАТО може да го забрза испорачувањето на релевантните капацитети преку поддршка на државите во усвојувањето и примената на иновациите.
Предвидено е одржување и состанок на Советот НАТО-Украина, на кој началниците на генералштабовите со нивниот украински колега ќе разговараат за ситуацијата во Украина и за континуираната поддршка на Алијансата за земјата, вклучувајќи ја безбедносната помош и обука и Заедничкиот центар за анализа, обука и образование (ЈАТЕЦ).
На состанокот е поканет и претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, генерал Шон Кленси.
Во рамки на заседанието предвидено е и 32-та началници на генералштабови на членките на НАТО да се сретнат со нивните колегите од земјите партнери на Алијансата од Индо-пацифичкиот регион и од Грузија, со кои ќе разговараат за стратешката улога на партнерствата во справувањето со меѓусебно поврзаните и еволуирачките глобални безбедносни предизвици.
МИА
Ново на Сител
-

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар
-

Министерство за транспорт: Сите патни правци се проодни, оние каде паѓа снег континуирано се чистат
-

Ердоган за време на разговор со Трамп: Турција внимателно ја следи ситуацијата во Сирија
-

Најмногу снег на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски: Снегот не е изненадување во зима, подготвеноста е наша обврска | ФОТО
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
