Loading Video...
Свет
21. January 2026 - 12:17

Преглед на вестите од светот

Специјалните пратеници на американскиот и на рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин имаа средба на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнаа со Кирил Дмитриев во така наречената Американска куќа. Виткоф по средбата изјави дека „се било многу позитивно“.

- Состаноците минуваат конструктивно. Се повеќе луѓе ја препознаваат исправноста на ставот на Русија, посочи Дмитриев. Средбата на американските со рускиот преговарач траела повеќе од два часа.

Напорите за спасување и истрагата продолжија по железничката несреќа во јужна Шпанија во која загинаа најмалку 42 лица, соопштија властите.

Работниците со кранови работат на шините на местото на несреќата. На местото на несреќата во близина на Адамуз, спасувачите користеа тешка механизација преку ноќ и во раните утрински часови за да го израмнат теренот и да добијат пристап до најтешко погодените вагони додека се обидуваа да ги пронајдат останките на луѓето што сè уште се водат како исчезнати.

Тие користеа два крана за да ги подигнат предните вагони од возот, кој по несреќата се урна по насип од 4 метри. 

Шпанскиот железнички им нареди на возовите на брзата линија Мадрид-Барселона да ја ограничат брзината во вторник поради загриженост за состојбата на пругата, два дена по една од најсмртоносните железнички несреќи во Европа. Експертите велат дека неисправниот железнички спој може да биде клучен за утврдување на причината за излетувањето од шините што доведе до судирот меѓу два воза.

Сите објекти на нуклеарната централа Чернобил сега се напојуваат од енергетскиот систем на Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика. Во соопштението се наведува дека радијацијата не ги надминува контролните нивоа и оти нема опасност по населението и животната средина. Надворешното напојување со електрична енергија на неактивната нуклеарна централа Чернобил беше прекинато поради руски напади, при што беа погодени објекти на енергетската инфраструктура што обезбедуваат енергија за објектите во зоната на исклучување околу централата.

На објектот му е неопходно континуирано надворешно напојување со електрична енергија за одржување на безбедносните операции и за складирање на нуклеарниот отпад.

Властите во Нов Зеланд денеска повикаа на евакуација во некои области на Северниот Остров, а полицијата бараше исчезнат маж кој беше однесен во река откако продолжија обилни дождови и проследени со силните ветрови кои предизвикаа поплави, надојдени реки и лизгање на земјиштето.