Синдикатите излегуваат на протест на 28 јануари за повисоки плати
Синдикатите го загубија трпението и најавија протест на 28 јануари со почеток во 17 часот пред зградата на ССМ. Ги повикаа сите незадоволни работници од сите сектори да им се приклучат и заеднички да побараат достоинствени плати.
Прагот на сиромаштија е алармантен, а 33 отсто од работниците живеат со плата под 31 000 денари. Освен протест, ССМ најавија блокади и генерален штрајк во јавниот сектор. Советот на синдикатите донесе едногласна одлука, бараат зголемување на минималната плата на 600 евра и паралелно зголемување на сите останати плати.
Дури и да бидат повикани на дијалог нема да се откажат од најавата за протест. Досега велат многупати биле излажани и нема да дозволат работникот да биде замолчен со зголемување од 25 евра и тоа од месец март додека функционерските плати ќе се покачат за 200 до 300 евра.
Од Владата веќе подолго време се на ставот, доколку работниците и работодавците постигнат договор за зголемување на минималната плата, тогаш тие тоа ќе го спроведат.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
