Македонија
21. January 2026 - 16:33
4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
4 години казна затвор доби поранешниот директор на геријатрија Мухсин Арифи кој беше обвинет дека зел поткуп од 20 илјади евра за да смести пациентка во болницата. според судот, Арифи е огласен за виновен бидејќи на безобразен и брз начин сакал да стекне парична корист.
На затворска казна од една година и 10 месеци осуден е и Блерим Амити кој посредувал во земањето на поткупот. Обвинителството е задоволно, велат, со казните, судот го потврдил обвиненито.
Одбраната е незадоволна, затворските казни за двајцата обвините ги смета за превисоки.
Судот не го прифати барањето за укинување на притворот на екс директорот на Геријатрија, па тој правосилноста на пресудата ќе ја чека во истражниот затвор во Шутка.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
