Фудбал
22. January 2026 - 15:22

Реал на врвот на ранг-листата на клубови со највисоки приходи трета година по ред

Реал Мадрид е на врвот на светската ранг-листа на фудбалски клубови со највисоки приходи трета година по ред.

Ревизорската фирма „Deloitte“ ги анализираше приходите на фудбалските клубови ширум светот за сезоната 2024/25.

„Кралскиот клуб“ минатата сезона заработ 1,161 милијарди евра. Нивните приходи за претходниот извештаен период изнесуваа 1,046 милијарди евра, што ги прави првиот клуб во историјата што заработил над 1 милијарда евра за една година.

Комерцијалните приходи на Реал Мадрид се зголемија за 23% во споредба со минатата сезона, достигнувајќи 593,6 милиони евра, поттикнати од подобрената продажба на стока и додавањето нови комерцијални партнери.

Сепак, приходите од натпреварите се намалија за 6%, достигнувајќи 232,5 милиони евра.

„Лос Бланкос“ заработија 334,9 милиони евра од телевизиски преноси.

Во Топ 5 на оваа листа се уште и: Барселона (975 милиони евра), Баерн Минхен (861 милион евра), Пари Сен-Жермен (837 милиони евра) и Ливерпул (836 милини евра).