Македонија
23. January 2026 - 16:30

Стопанската комора даде поддршка на Усје - од компанијата велат нема основ за нивна дислокација

Стопанската комора застана во поддршка на работата на Титан Усје. Азески тврди дека компанијата работи строго по закон и е една од најуспешните во државата. По иницијативата за дислокација на фабриката и граѓанските протести, првиот човек на комората порача дека оваа тема потекнува од тие кои не ја разбираат суштината и порача дека со дијалог може да се надминат овие прашања.

Од компанијата повторно со уверување дека иако цементарницата две недели не работи поради редовен ремонт, квалитетот на амбиенталниот воздух бил ист што според нив е доволен доказ дека УСЈЕ не е изворот на загадување. Не сакаа да коментираат за дислокација на фабриката бидејќи не гледаат основ во ова барање.

Еко Активистите тврдат дека Усје не мери речиси ништо од загадувачките материи што се задолжителни во ЕУ и побараа министерството за животна средина да иницира измена на дозволата на компанијата. На последниот протест пред цементарницата, граѓаните им дадоа жолт картон на Усје и МЖСПП и побараа конечно да проработи мерната станица поставена од О. Кисела Вода која 24 часа секој ден ќе дава резултати за квалитетот на воздухот.