Македонија
26. January 2026 - 16:34

Претставено кипарско претседателство во Собранието, власта и опозицијата се докажуваа кој е поголем Европеец

Дали Владата спроведува анти-ЕУ и националистичка политика или, пак, СДСМ е пред стечај, па критикува неосновано? Власта и опозицијата пред кипарскиот амбасадор во Собранието се надмудруваа кој е „поголем Европеeц“, додека тој ги претставуваше приоритетите на кипарското претседателство.

Според Филипче, Владата само делумно ги почитувала насоките од Оценската комисија за состојбите во судството. Тој обвини и за цензура кон опозицијата со антимигрантската резолуција, проруска ориентација, провокации кон соседите и мешање во медиумските слободи.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека Македонија е целосно усогласена со Европската Унија и дека обвинувањата се неосновани. Милошоски побара и решение за македонските превозници, кои ќе бидат оштетени со новиот систем за влез во Унијата.

Кипарскиот амбасадор порача дека проширувањето ќе биде високо на агендата на новото претседателство.

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Сали, вети исполнување на преземените обврски.

Кипар го презеде претседателството со Европската Унија на почетокот на јануари и ќе претседава до јуни. Мотото на претседателството е „Автономна Унија, отворена кон светот“.