Македонија
30. January 2026 - 16:37

Обвинение за 23 полицајци

Против 23 полициски службеници од Кочани, Штип и Пробиштип е поднесено обвинение за трагедијата во дискотеката Пулс. За седуммина, прекината е постапката, но тие можност да ги гони има кочанското обвинителство. Полицајците се обвинети во три различни обвиненија, најмногу или 13 мина се за ноќта кога се случил пожарот. Четворица се началници од штипската и кочанската полиција, додека деветтемина се плициски службеници од Кочани и Пробиштип. Тие се гонат за тешки дела против општата сигурност. Според обвинението, спровеле план за акциска контрола без да проверат дали тој ги опфатил сите проверки кои се во надлежност на МВР.

„На 16.03.2025 година, дел од обвинетите постапувајќи по наведениот план за акциска контрола во кабаре Пулс, не презеле соодветни мерки за заштита на присутните лица, ниту мерки за спречување на активирање на пиротехничка опрема на сцената, иако употребата на пиротехника не била пријавена во ПС Кочани“. 

Деветмина полициски службеници, обвинителството ги гони за Злоупотреба на службната положба.. Во 2022 и 2023 година без да проверат дали дискотеката има доволен број на пакринг места и дали нејзианта работа ќе го нарушува јавниот ред и мир, дале позитивна солгасност за Пулс да добие лиценца за работа. Со тоа, според обвинителството, на сопственикот му овозможиле нелегална зароботка од над половина милион денари.

Во друго обвинение пак тројца полицијаци се гонат за неизвршување на своите должности.. Во контрола на дискотеката утврдиле дека внатре има малолентици, но во записникот го внеле името на претходната фирма под кое работела дискотеката.

На брифинг со новинарите, обвинителката која гони кривични дела сторени од полициски службеници, Ивана Трајчева, појасни дека за седуммина полицајци ја сопрела истрагата за тешки дела против општата сигурност, а евентулна одговорност за други дела треба да утврдува обвинителството во Кочани.  

„Утврдено е дека на овие полициски службеници им се ставаат на товар дејствија што ги презеле во временскиот период од 2012 до 2022 година. Имајќи предвид дека надлежноста на специјализираното одделение е воспоставена од 2018 година, предмет на кривично-правната оценка во оваа постапка беа само дејствијата порезземени од 2019 до 2022, додека за останатите, предметот е испратен на наделжно постапување во ОЈО Кочани“.

За сите три обвиненија поднесени против 23 полицајци, надлежност да им суди има скопскиот кривичен суд. Во доказите кои обвинителството ќе ги понуди се и видео снимки од дискотеката на која се гледаат полицајците кои ноќта на 16 март не презеле ништо да го спречат активирањето на пиротехниката иако претходно таа требало да биде пријавена во полицијата.