Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
Почна пријавувањето на штетите од поплавите што ги предизвикаа обилните дождови и излевањето на реките на 26 и 27 јануари во Општина Струмица. Оштетените граѓани имаат рок до 10 февруари да ја соберат потребната документација и да ги поднесат пријавите до општинската комисија за проценка на штети. Од Општината информираат дека проценка ќе се врши исклучиво за имот кој е соодветно евидентиран во имотниот лист, додека барањата со нецелосна или неусогласена документација нема да бидат разгледувани.
Според најавите, теренската проценка ќе започне веднаш по истекот на рокот за поднесување на барањата за проценка.
По завршувањето на проценката на терен од страна на општинската комисија, ќе биде изготвен елаборат за утврдување на висината на штетите, кој потоа ќе биде доставен на усвојување до Советот на Општина Струмица.
Во поплавите што го погодија струмичкиот регион минатата недела беа зафани повеќе земјоделски површини, а штети беа предизвикани и на одредени домови и сточарски фарми.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
