Loading Video...
Македонија
6. February 2026 - 16:33

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица

Околу 40 тони марихуана е запленета во вчерашната акција велат извори од истрагата за Сител. Десетина тони биле пронајдени во складот на седиштето на фирмата Алфафарм Груп ДОО Скопје во кругот на поранешната фабрика ОХИС каде конвој од 20-тина возила излегоа со заплената вчеравечер. Според нашите извори во струмичката акција на полицијата се запленети нешто повеќе од 30 тони марихуана но во друг правен субјект, кој според нашите информации се занимавал со производство и складирање на медицински канабис. Засега нема официјални информации од министерството за точни бројки или евентуални приведувања. Се уште ниту ОЈО ГОКК кое отвори случај по скандалот со запленетите 5 тони мархуана во Србија дали и како излегле од државата со камион со македонски регистарски таблички. Интерна истрага води и македонската царинска управа. 

Дека станува збор за сериозен организиран случај со недозволена трговија со дрога единствено потврдија од Владата. Премиерот во телевизиско интервју вчера рече дека јавноста ќе биде шокирана од бројките кои ќе ги слушне по завршување на големата полициска акција, случај на кој службите работи веќе подолг период. Десетици тони дрога незаконски биле пуштени во промет или сокриени во македонските складишта обелодени премиерот кој порача дека одговорност ќе има за ваквите злоупотреби и криминални дејствија. Мицкоски го оквалификува случајот како катастрофално населедство од економските политики на претходната власт. 

Инаку основач и сопственик на  Алфафарм груп фирмата беше приведен како дел од групата од 4ца осомничени во Србија кај кои беше откриена количина од 5 тони мархуана во околината на Крушевац. Фирмата е основана во 2023г во Македонија а во април 2024 добива лиценца за производство на медицински канабис.

За тоа како се регулираат овие фирми кои добиле лиценца за одгледување на канабис за медицински цели, министерот за здравство вели тие вршат редовни и вонредни контроли но не сакаше да го коментира конкретниот случај. 

Секои 3 месеци треба редовно да го известуваат МЗ од фирмите кои произведуваат канабис за медицински цели. Има годишен план но има и ад хок посети.

Од стапувањето на сила на законот за контрола на опојни дроги и психотропни суспстанци до февруари 2026 издадени се одобренија за одгледување на канабис на 61 правно лице, а во Македонија има 43 фирми кои одгледуваат.