Свет
9. February 2026 - 8:34

Три лица загинаа во руски напади врз Одеса и Харков

Едно лице загина, а две се повредени во напад на руски дрон во текот на ноќта врз Одеса, соопшти шефот на регионалната администрација Олег Кипер.

Тој на Телеграм објави дека во масовните руски напади врз регионот на Одеса се оштетени станбени згради, како и дека избил пожар во една од зградите и на автомобилите паркирани во близина, пренесе Укринформ. Се истакнува дека пожарите биле брзо изгаснати.

Жена и дете загинаа во напад на руски дрон во текот на ноќта врз Харковската област во североисточниот дел на Украина, соопшти украинската служба за вонредни ситуации. Во објавата на Фејсбук се наведува дека е нападната населбата Богодухов. Се истакнува дека еден дрон погодил станбена зграда, која е целосно уништена, по што избил пожар кој бил изгаснат. 

МИА