Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
Нема да биде изненадување ако полицијата заплени и до 100 тони марихуана вели премиерот. Владата денеска ќе донесе одлука со која ќе ги задолжи институциите да се извршат проверки и во други субјекти кои имаат лиценца за производство и одгледување на канабис.
За проверките ќе биде формирана посебна комисија најави Мицкоски при заеднички увид на дел од запленетата дрога со министерот за внатрешни работи. Премиерот порача дека нема да има компромис за сите оние кои мислеле дека со криминал ќе се збогатат.
Министерот Тошковски рече дека ова е првата фаза од истрагата која ја водат со ОЈО ГОКК.
За тоа како изглегле 5-те тони марихуана од Македонија и дали се точни информациите дека пратката била пломбирана и декларирана како друг вид стока премиерот рече дека нема такви сознанија. Опозицискиот лидер обвини дека власта со обвинувањата кон нив прави дефокус додека не одговараат на клучното прашање како незабележано поминала дрогата преку граница.
Марихуаната била произведена за нарко пазарот спротивно на лиценцата која ја имале овие правни лица за производство на контролирана количина канабис од кој потоа се произведува масло за медицински цели.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
