Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија

Со одбележување на Денот на безбеден интернет преку интерактивни активности во прилепското Основно училиште „Кире Гаврилоски -Јане“ го завршуваме големиот проект за воспоставување Центар за побезбеден интернет во Македонија, поддржан од дигитална Европа и од Европската Унија, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во Прилеп на одбележувањето на Денот на безбеден Интернет.
Тој информира дека учениците денеска на интерактивен начин ќе се забавуваат, ќе учат, ќе дискутираат, ќе презентирааат што значи тоа да се биде побезбеден на интернет, како да се биде повнимателен, кога да се користат дигиталните алатки, на што треба да се внимава.
- Ова, како министерство го организираме во рамките на еден голем европски проект за воспоставување на Центарот за побезбеден интернет во Македонија, поддржан од дигитална Европа и од Европската унија. Ова е еден од последните настани со кој го завршуваме овој проект и во очекување сме на целосно воспоставување на Центарот кој ќе има своја линија на која ќе може да се јавуваат млади луѓе родители, наставници за тоа како да се справуваат со недостатоците на Интернет, како да им помогнат на младите, изјави Андоновски.
Во завршна фаза е и конференција со што ќе се заокружи проектот од една и пол година вреден околу 600 000 евра. За еден месец ќе стигнат и резултатите од проектот, а Министерството очекува да почне нов проект, или втора фаза, со поддршка од ЕУ од околу еден милион евра.
-Во однос на безбедниот интернет, Македонија, според мене, е на просекот на Европа. Се справуваме со истите предизвици со кои се справуваат и европските држави. Затоа, денеска, на еден многу безбеден, интерактивен начин им објаснуваме на младите, дискутираме со нив со кои од овие предизвици тие се соочуваат и им даваме алатки, начини, како да се справуваат со нив, рече Андоновски.
На новинарското прашање дали државата планира некои ограничувања за социјалните мрежи за младите до 15 години, Андоновски рече дека нема да се оди во правец на ограничувањето на личните слободи, но ако има интерес кај родителите може да се отвори јавна расправа.
-Забележавме петиции и во Македонија. Јас дадов еден коментар. Ние минатата година, во рамките на овој проект, во сите училишта претставивме начин на контрола преку кој родителите да може да контролираат кои апликации нивните деца може да ги имаат на своите мобилни телефони и другите уреди, колку време може да поминат со нив и кои содржини смеат или не да ги следат. Сметавме дека овој е начин да ги превенираме опасностите од Интернетот, а контролата да ја задржат родителите, а да не ја преземе државата. Тоа е контролата на алатки кои се исклучително приватни. Ги користат родители, деца и би било мешање на државата во домашните работи на секое семејство. Но, доколку постои зголемен интерес од родителите и доколку постои зголемен страв, оставаме простор да продискутираме за тие прашања. Зошто да не направиме и една јавна расправа и анкета за да видиме кој е интересот и кое е размислувањето на родителите. Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Така, отвораме врата за државата утре да си дозволи да забранува и тоа да биде спротивно на слободата на говорот, спротивно на слободата на изразување, зашто државата решила дека некаква алатка треба да забрани. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, објаснува министерот за дигитална трансформација Андоновски.
Андоновски рече дека Прилеп е на мапата од 14 градови во земјава со отворање Центар за е-услуги.
-Во Прилеп обезбедивме да го отвориме Центарот за е -услуги, спроти Општината каде е местото познато за плаќање даноци и такси. Таму ќе биде канцеларијата на Министерството за дигитална трансформација. Сите услуги кои се нудат на националниот портал, сите граѓани на Прилеп, без да отвораат сопствен профил, ќе може да ги користат. Нашите вработени ќе отворат профил за да ја добијат услугата која ја бараат граѓаните, вели Андоновски.
Според прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски потребна е родителска контрола за децата да имаат побезбеден интернет, а од денеска, практично е отворен и Центарот за е-услуги.
-Нова информација е дека тој Центар за е-услуги во Прилеп од денеска почнува да работи и граѓаните да може брзо, без проблеми да ги добијат услугите кои ги бараат, изјави Проданоски.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
