Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција

Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена е наредба за обдукција, информираат од Обвинителството за МИА.
- Увидот е завршен, издадена е наредба за обдукција и други дејствија што треба да се преземат. Во текот на денот се очекува информација за натамошниот тек на постапката, соопштија од Обвинителството.
Како што соопштија претходно од МВР, приведен е 27-годишен жител на Росоман кој изутрината со остар предмет ја убил неговата мајка, следува пријава.
- На 30.03.2026, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.Р.(27) од Росоман. Во СВР Велес тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет и нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци, соопштија од МВР.
Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа од ОВР Кавадарци.
МИА
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бензините, дизелот останува со иста цена
-

Бојчевиќ: Исказот на Јовановски е манипулација за избегнување одговорност, судењето продолжува со изведување докази
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
-

16-годишно девојче од Скопје пријавено за исчезнато, пронајдено во стан во Гостивар
