Македонија
11. February 2026 - 16:33

До април Владата ќе очекува детален извештај како работеле 43-те лиценцирани фирми за канабис

Владата даде рок од 45 дена за проверка на лиценците за канабис.

Четириесетина фирми кои имаат дозвола за одголедување на канабис ќе бидат цел на инспекторите кои добија рок од 45 дена детално да ги проверат. Што се одгледува на плантажите, колку стока има во складиштата и дали наместо масло за медицински цели, се произведувал цвет за црниот пазар. Министерството за здравство извести дека во нивнаа евиденција се 43 фирми со важечки одобренија за одгледување канабис. 

„Од нив, на 14 правни субјекти им е  одземено одобрение, а за четири правни субјекти се води постапка за одземање на одобрението поради утврдени неправилности.“ 

Владата ги реактивира контролните механизми по 8 години пасивност, ќе се именуваат нови членови на меѓуресорската комисија за контрола на опојни дроги која од 2017 не покажала никакви резултати. Премиерот најави бескомпромисна битка по запленувањето на 40 тони марихуана, предупредувајќи дека истрагата може да открие и до 100 тони нелегална дрога. 

Од ВМРО ДПМНЕ со нови обвинувања кон опозициската СДСМ, велат донеле спорен правилник  за одгледување на  канабис кој е во колизија со законот. 

Од СДСМ бараат одговор, дали конторлите се задоцнети. 

Од ОЈО ГОКК нема нови детали, велат истрагата се уште е во тек се преземаат дејствија а во расвелување на случајот вклучени се повеќе основни обвинителства во државата.