Македонија
13. February 2026 - 11:11

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата по енормното загадување на водата за пиење и за основни животни потреби.

ОЈО денеска соопшти дека во координација со МВР - ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. 

- При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје, стои во соопштението. 

Според информацијата, ќе бидат преземени и други дејствија на проверки.

 

МИА

Ново на Сител