Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
На следната пленарна седница Парламентот треба да гласа по предлогот универзитетскиот професор Гоце Наумовски да стане нов уставен судија. Наумовски би седнал на местото на судијката Јадранка Дабовиќ Анастасовска, која во декември поднесе оставка поради лични причини.
Паралелно во Судскиот совет во тек е оглас за уставен судија од редот на судиите, кој треба да дојде на местото на Елизабета Дуковска за која Управниот суд одлучи дека нејзиниот избор бил незаконски. Според информации на Сител од Судски иако до завршување на огласот има уште една недела до нивната архива до денеска никој не поднел кандидатура.
На Уставниот суд му се потребни кадри кои освен стручноста и професионалноста, треба да бидат целосно ослободени во одлуките од било какви влијанија, оценува екс судијката Маргарита Цаца Николовска.
Иако пратениците во матичната комисија за избори и именувања без дискусија и забелешки дадоа зелено светло за предлогот, ден потоа си упатија жестоки критики.
Опозициската СДСМ обвинува дека со професорот Наумовски, кој е советник на премиерот, власта ги зема под целосна контрола судството и обвинителството.
- Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд...Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата, реагираат од СДСМ.
Од власта возвратија дека за разлика од Наумовски кој не е член на партија, последните два предлози на СДСМ беа целосно партиски решенија.
- Гоце Наумовски не е член на партија, туку угледен професор. За разлика од последните два предлози на СДС кои беа целосно партиски решенија. Како Ана Павлова Данева, поранешен потпретседател на СДС и Јадранка Дабовиќ, носител на СДС за Град Скопје на локалните избори во 2005 година. Оттука јасно се прави тотална партизираност и контрола на судството, велат од ВМРО ДПМНЕ.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
