Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
Денот на лозарите, Св. Трифун, традиционално одбележан во Тиквешијата со пораки за поддршка, но и со нова политичка пресметка околу состојбите во земјоделството.
Од Неготино, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, им го честиташе празникот на лозарите и им посака успешна сезона и повисоки откупни цени. Тој порача дека Владата ги исплатила субвенциите во целост и дека поддршката за земјоделците ќе продолжи.
И лидерот на опозициската СДСМ го честиташе празникот, посакувајќи богат род, но упати и остри критики кон Владата. Обвини дека поддршката за земјоделство се намалува, посочувајќи дека буџетот за субвенциите е скратен за 40 милиони евра, па како што вели Филипче, лозарите нема да ја имаат поддршката што ја имале кога СДСМ раководеле со владата.
На овие обвинувања реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму тврдат дека СДСМ шири лаги и манипулации за буџетот кој тогашната влада го одвојувала за финансиска поддршка на земјоделството.
„Владата на СДС никогаш немала издвоено 140 милиони евра за Програмата за финансиска поддршка на земјоделството. Вистината е поинаква, веднаш по доаѓањето на власт, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 137 милиони евра за земјоделците“, велат во својата реакција од владејачката партија.
Филипче уште обвини дека Владата ги заострува и критериумите за добивање субвенции, па како што вели, за да се дојде до државна помош, наместо досегашни два, сега прагот е зголемен на пет декари.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
