Штип центар на европска студентска мобилност
Четириесетина студенти од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, во рамки на програмата за мобилност на Европската универазитетска алијанса, досега беа дел од едуактивни школи во повеќе европски земји.
На ниво на алијанса реализирани или во фаза на реализација се 120 едукативни работилници, но уште поважно е што Штип го добива приматот на вистински универзитетски центар, истакна проректорот за меѓународна соработка, Ана Никодиновска Крстевска.
-Можности се отвораат и кај нас, затоа што не само што ќе испратиме студенти, туку студенти од странските универитети ќе имаат можност да дојдат кај нас, затоа што организираме едукативни настани, кратки курсеви, летни, зимски школи волонтерски активности, така што ќе имаме можност да дојдат студенти од сите универзитетите, заедно да мапиаме и трасираме нов туристички развој, нови интерњсни содржини на градот Штип, изјави Ана Никодиновска Крстевска, проректор за меѓународна соработка, УГД-Штип.
Европска универзитестка алијанса, која ја чинат 9 универзитетите помеѓу кои и штипскиот, работи на креирање на еден правен ентитет, со меѓународен субјективитет, кој ќе може да издава единствена признаена европска диплома на студентите.
-Практично, прку овој единствен европски ентитет, ќе направиме заеднички мастер програми, пост дипломски студии, докторкси студии и понатаму, во иднина, на долгорочен план и заеднички додипломски студии, додаде Никодиновска Крстевска.
Овој интензивен интернационален ангажман ја отвора вратата кон нови перспективи за македонските студенти и за целата академска заедница.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
