Македонија
15. February 2026 - 16:30

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава

Над 200 луѓе евакуирани во Кичево откако обилните дождови ја излеаја реката Зајашка која поплави куќи и подруми на повеќе локации.

Црвениот крст достатува храна, вода, ќебиња, душеци и се што е потребно.

Од Центарот за управување со кризи велат дека на терен инвервенираат екипи од ОВР Кичево, Јавното претпријатиа „Комуналец“ и Дирекцијата за заштита и спасување.

Освен во кичевско, дождот направи проблем и во скопско и во гостиварско. Граѓани пријавиле поплавени дворови во Гази Баба и Бутел. Во Сарај поплавени се и куќи кај селата Буковиќ и Семениште. Тука на терен се пожарникарите од Скопје и Тетово кои вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки.

Поплави се пријавени и во гостиварско.

-Пријавен е и затрупан канал во село Балиндол, при што се поплавени неколку куќи. Во една од поплавените куќи во Беловиште биле заглавени две деца и нивната мајка. За случајот веднаш се известени ТППЕ Гостивар и ОВР Гостивар. Поплавите се резултат на излевање на Сушичка Река и затрупани канали. Планирано е ангажирање механизација за расчистување на теренот. Претставници од локалната самоуправа и ДЗС ја следат состојбата, додаваат од Центарот за управување со кризи.

Проблеми има и во тетовско. Иако реките се уште не се излеани, пријавени се свлечишта, а забрана за тешки товарни возила има на патот Тетово – Попова Шапка.