Македонија
17. February 2026 - 12:18

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга. Стручен тим составен од тројца професори од Градежниот факултет од Скопје ќе врши теренски увид и детална проверка на клучните елементи на системот, меѓу кои: изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, по што ќе биде изготвен извештај со конкретни препораки за надминување на состојбата со загадената вода посочуваат од Општина Струга.

Градоначалникот Ќура најави дека општината, пристапува системски и транспарентно кон решавање на проблемот.

Струшкиот градоначалник Ќура истакна дека ваквата состојба е како резултат на лошото менаџирање со водоснабдителниот систем години наназад.

Инаку, водата од струшкиот водовод е забранета за користење повеќе од недела дена. По направените неколку анализи констатирано е дека заматеноста се намалува, но се уште не е достигнато нивото да може да се користи.

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.