Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
Анита Тополова Исајловска, Лидија Рајичевиќ, Ленче Ристовска и Ненад Савевски добија позитивно мислење од советот на јавни обвинители за избор на државен јавен обвинител. Од 5 предложени, Владата ќе избира меѓу 4та кандидати.
Од трката за избор излезе поранешниот прв човек на кривичен Владимир Панчевски кој според членовите на советот не ги исполнува посебните услови бидејќи беше разрешен и во моментов нема работен ангажман. Претседателот на советот не гледа спорно што тие како совет не направиле потесен избор кој ќе и го достават на владата бидејќи смета дека сите еднакво заслужувале да продолжат понатаму.
Бесими вели дека не можеле да го почекаат новиот закон бидејќи од Владата веќе им биле испратени кандидатурите за кои имале рок од 15 дена да дадат мислење. Не ја искористиле можноста да ги повикаат на посебни интервјуа за подетално да се запознаат со нив и нивните програми бидејќи веќе добро ги познавале како колеги.
Едногласна поддршка доби актуелната в.д државен обвинител Анита Тополова Исајловска за која советот истакна дека поседува огромно искуство, углед и менаџерски квалитети.
Целокупната поддршка им беше дадена и на судијата Ненад Савевски и обвинителката Ленче Ристовска, единствено еден негативен глас доби кандидатката Лидија Раичевиќ, поради конзистентност бидејќи таа била негативно оценета од претходниот состав на советот при нејзината прва кандидатура за оваа функција.
Кандидатите ќе се најдат пред членовите на Владата која ќе одлучи чие име ќе го достави до парламентот. Еден од 4цата ќе го наследи Љупчо Коцевски кој си поднесе неотповликлива оставка.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
