Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
Динамиката на технолошкиот развој бара континуирано прилагодување и вложување во нови знаења, со цел работната сила да остане конкурентна во услови на забрзана дигитална трансформација. Вештачката интелигенција станува еден од клучните фактори што го редефинираат пазарот на трудот, а промените треба да започнат уште од високо образовните институции.
-Улогата на факултетите и универзитетите ќе биде уште позначајна, затоа што ќе треба да изградат доволна вештеина, за студентите кои ќе дипломираат лесно се вработат во приватниот сектор и ќе мора многу рано да воведуваат алатки за ВИ, за да ги подготвиме студентите, денот кога ќе заминат од Универзитетот, веќе да се подготвени да ги употребат за да бидат конкурентни на пазарот на труд, изјави Стефан Андоновски, министер за информатичко општество.
Во тој контекст, триесетина истражувачи од осум европски универзитети ќе престојуваат во Штип, каде заедно со тимови од УГД ќе работат на креирање конкретни проектни идеи, размена на искуства и дефинирање партнерства.
-Сите овие активности би требало да резултираат со многу нови детални проекти кои ќе бидат аплицирани во рамки на европските програми, изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД- Штип.
Истражувачка мрежа ќе овозможи долгорочна размена на знаења, мобилност на кадар и заеднички пристап кон решавање на современите предизвици.
-Целта е студентите да се вмрежат, да соработуваат меѓусебно, да градат сопствени проекти и да помогнат во понатамошниот развој на општеството, изјави Сангита Ратнаике, Универзитетската европска алијанса.
Со стратешки пристап, навремена едукација и силна меѓуинституционална соработка, вештачката интелигeнција може да стане двигател на економски развој и општествен напредок.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
