Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
За две недели спакувале двесте кутии полни со марихуана, наредбата била да бидат спакувани околу девет тони. Кутиите кои претходно биле царинети со друга роба, ги испразниле и во нив ја складирале марихуаната која од Македонија беше пренесена во Србија. Претоварот од едно возило во друго, го правеле во Свети Николе и атарот на селото Сармзалино.
Отаму со камион и приколка, ја пренеле марихуаната преку граница, а полицијата во близина на Крушевац ги заплени петте тони.
Обвинителството за гонење организиран криминал отвори истрага за шест лица за кои имаат докази дека се вмешани со дрогата која беше пронајдена во Србија и ги сомничи за неовластено изработување и пуштање во промет наркотична дрога.
Транспортот на канабисот во Србија не бил прв. И претходно на повеќе пати, двајца осомничени со сопственикот на фирмата за канабис од Скопје, организирале транспорт на марихуана од Македонија во Србија со товарни возила, за продажба.
Но за петте тони кои беа пронајдени во близина на Крушевац, планот бил направен уште во декември
-Првоосомничениот им дал насоки на своите вработени за пакување на сув цвет од канабис во вкупна количина од 8.832 килограми, претходно набавен од правно лице од Струмица. Во период од околу две недели, вработените спакувале над 200 кутии, по што првоосомничениот им одобрил колективен одмор. На 13.01.2026 година, во пладневните часови, двајцата ортаци (едниот осомничен во РСМ, а другиот во РС), организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе. Првоосомничениот, заедно со други неидентификувани лица, организирал кутиите да бидат натоварени во возилата и во два наврати пренесени до наведената локација.
Во исто време во селото Сармзалино пак, другите петмина осомничени на паркинг кај локалната црква ја претоварале царинетата стока и заминале за Свети Николе каде ги натовариле кутиите со канабис. Потоа петминмата преку Табановце ја напуштиле државата.
На 14 јануари ја истовариле марихуаната во објект во Крушевац, кои претходно им го обезбедиле осомничените лица за кои се води истрага во Србија. Тука српската полиција ја најде нелегалната дрога.
За двајцата осомничени на кои им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот им го продолжи и во наредните 30 дена.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
