Македонија
20. February 2026 - 20:13

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон

Нов закон за помилување е неопходен, а освен укинувањето на аболицијата кое го предвидуваат измените на законското решение, јасно да се предвиди одговорноста на институциите кои ја носат одлуката, смета експертската јавност на научно-стручната расправа за предлог-законот.

Помилувањето никогаш не треба да се води од казната што е одредена и од природата на делото, туку да го мери и да го оценува процесот на ресоцијализација на институцијата, порача претседателкта Гордана Силјановска Давкова.

-Бидејќи во ова постапување има секогаш простор за дискреционо однесување, прашањето е како да се сведе на минимум или дури како да се анулира дискрецијата, оти во демократски систем не треба да има простор за вакво постапување. И јас затоа одговорно овде тврдам дека секогаш работата сум ѝ ја оставала на Комисијата. Како што ќе одлучи Комисијата така се однесувам и јас – рече Сиљановска Давкова.

Аболицијата треба да се укине, смета дел од правната фела. Но бараат измените на законот за помилување да не се носат одвоено од Кривичниот законик.

Клучната измена во законот за помилување кој веќе е дотапен на ЕНЕР е укинувањето на аболицијата, што значи дека претседателот на државата ќе може даде помилување само на правосилно осудени лица , но не и во делот на кривично гонење. Предвидени се и пократки рокови за постапување на институциите кои треба да ги соберат потребните информации за лицето за кое се бара помилувањето.