Македонија
24. February 2026 - 16:26
Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
Здравствените власти ќе им дадат 1 година време на угостителите за да можат да ги адаптираат терасите согласно новиот предлог закон за заштита од пушењето. Наместо овие објекти да бидат отворени од 3 страни компромисот е да бидат отворени од најмалку 2 страни, а во затворените простории да не се пушат ниту електронски цигари, категоричен е министерот за здравство.
Останува и предлогот за забрана за продажба на електронски цигари со вкусови, ќе може да се продаваат вакви производи само со неутрален или со вкус на тутун. Законот се очекува да биде донесен идниот месец.
-->
-->
