Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
Секое 7мо дете на возраст од 13 до 15 години во Македонија е активен корисник на тутун. Новиот извештај за 2024 покажува дека битката против никотинот се сели на нов терен а тоа се електронските цигари. Нив ги користат 9проценти од учениците од кои девојчињата како пушачи предничат. Дури 73 проценти од анкетираните малолетни пушачи изјавиле дека не биле спречени да купат цигари во продавница или киоск. Овие податоци се загрижувачки за здравствените власти кои најавуваат построга регулатива, контрола на продажба, предлагаат зголемување на акцизите и целосна забрана за рекламирање на цигарите.
Загрижувачки е дека дури половина од анкетираните ученици биле подложни на чад од тутун во своите домови но и во училишните дворови и згради. Носењето на новиот закон е клучен за да се заштитат непушачите особено децата порача претставникот на СЗО со чија поддршка се спроведува ова истражување.
Се проценува дека четири милиони адолесценти во Европа користат тутунски производи од кои електронските со илјадници вкусови стануваат се попопуларни кај младите. СЗО забележува дека само 18 од 53 земји во Европа имаат закони за забрана на пушење што ги опфаќаат сите јавни простори. На овој континуитет, пушењето предизвикува смрт дури кај 1,1 милиони луѓе секоја година.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
