Преглед на вестите од светот
Небото на Блискиот исток не се смирува четври ден. Израел објави дека ги бомбардирал претседателскиот комплекс и Врховниот совет за национална безбедност во Техеран. Израелската армија паралелено напага и цели на Хеззболах во Либан. Иран пак продолжува со напади со ракети и дронови во Израел и врз американските цели низ регионот.
Погодена америкаската амбасада во Саудиска Арабија.
- Официјалниот портпарол на Министерството за одбрана, генерал-мајор Турки Ал-Малики, објави дека амбасадата на САД во главниот град Ријад била цел на напад во кој биле вклучени два дрона, според прелиминарните извештаи. Тој истакна дека инцидентот резултирал со ограничен пожар и мала материјална штета на зградата Саудиска ТВ .
Сојузниците на САД во Заливот го носат товарот на воената операција која САД ја почна со Изарел насочена кон ракетната и нуклеарната инфраструктура на Иран, воените објекти и лидерите истакна шефот на иранската диплоамтија.
- Наместо да вршат притисок врз Исламската Република Иран да објасни зошто напаѓа американски цели на нивна територија, тие треба да вршат притисок врз Американците да објаснат зошто ја започнале и ја водат оваа неправедна, нелегална војна без причина, влечејќи го регионот во оваа ситуација, изјави Абас Аракчи, министер за надворешни работи на Иран.
Иран наскоро ќе дознае каков ке биде одогворот на наапдот врз американското претставништово во Ријад и на загубата на американскиот воен персонал досега во кофликтот се закани Трамп. Сега е премногу доцна за разговори со Иран напиаша американскиот претседател на Трут Соул. Соединетите држави им наредија на владините службеници и нивните семејства да ги напуштат Катар, Кувајт, Бахреин и Јордан и затворија неколку дипломатски мисии низ регионот. Израелскиот премиер во интервју за Фокс Њуз пак порача дека заедничката воена операција на САД и ИЗарел против Иран ке биде брза и решителна.
Тој ги отфли стравувањата дека регфионот влегува до долготраен конфликт.
- Ги слушам луѓето како велат дека ќе имате бесконечна војна тука – Нема да имате бесконечна војна затоа што… овој терористички режим во Иран е во својата најслаба точка од своето основање. Ова ќе биде брза и решителна акција“,вели Нетњаху.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
