250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
Жители на Кочани, кои живеат кај „Панаѓурот“ кренаа глас против најавената изградба на нови станбени згради. Со 250 анкетни листови во рака, советничката група „Доста е“ и еколошкото здружение „Грин орг“ официјално го доставија до локалната самоуправа ставот на граѓаните кои се противат на изградбата на згради за домување. Анкетата спроведена меѓу жителите од овој дел на градот, покажува дека мнозинството се против урбанизација на просторот.
- Мнозинството население се изјасни против изградба на згради на место викано Панаѓур. Овие 250 анкетни листови за почеток се доволни за да општината ги земе како мислење, изајави Никола Крстев, советник во Советот на О. Кочани.
Од „Греен орг“ предупредуваат дека изградбата ќе значи нов бран бетонизација и намалување на зелените површини, со можни последици врз квалитетот на живот и водоснабдувањето.
- Урбанистичкото планирање мора да биде транспарентно, законито и во согласност со принципите за одржлив развој. Будно ќе го следиме целиот процес од постапката за усвојување до евентуалната реализација на терен и ќе реагираме инстуционално и јавно при секое отстапување од законските процедури и јавниот интерес. Го повикуваме Советот и надлежните институции да постапуваат одговорно во интерес на граѓаните и животната средина, изјави Ана Симонова, Еколошко здружение „Грин. орг“- Кочани.
Од општината велат дека целата постапка е во фаза на разгледување, а конечна одлука ќе донесе Советот во следниот период.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
