Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
Македонското МНР ќе одлучува кои дипломатски механизми ќе ги употреби како реакција до официјална Софија по одлуката за десетгодишна забрана за влез за адвокатот Тони Менкиновски, бранител на македонското малцинство во Бугарија. Министерот Муцунски ќе ги разгледа наводите во одлуката пред да донесе одлука како ќе реагира, но вели е разгочаран од постапката на земја членка на ЕУ.
Македонците од Бугарија чиј застапник пред судот за човекови права е Менкиновски велат дека забраната не е со правна позадина туку етничка, само затоа што е Македонец. Ваквата одлука за нив е потврда за дискриминацијата која им се прави.
Менкиновски доби црн печат во пасошот при обид на 6 март да ја помине македонско – бугарската граница, а полицијата му врачила одлука дека има забрана за влез во следните 10 години.
Без да бидат наведени причините за ваквата одлука, ниту каква закана претставува за Бугарија, вели ова е обид за негово замолчување поради ангажманот како правен застапник на Македонците пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Менкиновски најави дека ќе ја оспори оваа мерка пред домашните и меѓународни институции.
И премиерот Мицкоски најави дека како држава ќе ги искористиме сите алатки за заштита на секој еден македонски граѓанин.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
